Просечните глобални температури во 2015 година се на пат да бидат највисоки од време кога се води евиденција.
Шефот на Светската метеоролошка организација вели дека последиците од климатските промени довеле до зголемување на глобалната температура од 1 степен Целзиусов во споредба со пред индустриската ера.
Извештајот доаѓа само една недела пред средбата на светските лидери на Конференцијата за климатските промени во Париз во организација на Обединетите нации