Линкови за пристапност

САД го прославуваат Денот на благодарноста


Американците денес го одбележуваат годинешниот празник Денот на благодарноста со семејни собири, трпези и добри зделки за шопинг.

Прославата традиционално се одржува на последниот четврток во ноември, што означува почеток на сезоната на празници што ќе кулминира за новогодишните прослави на почетокот од јануари.

Еден ден по Денот на благодарноста, е ден за голема продажба на облека, играчки, и електроника, а купувачите со полна пареа ја започнуваат празничната сезона на шопинг.

Продажбата на таканаречениот „Црн петок" започнува во четврток, на Денот на благодарноста понекогаш и неколку дена порано и обично завршува во понеделникот, познат како „Кибернетски понеделник“. Според Националната федерација за малопродажба, се очекува околу 68 милиони луѓе да ги посетат продавниците за време на викендот на Денот на благодарноста.

Во средата, претседателот Барак Обама се погрижи за своите обврски. Тој го направи традиционалното „помилување на мисирки", уверувајќи дека двете избрани мисирки на церемонија во Белата куќа нема да бидат зготвени за време на Денот на благодарноста. Мисирките „Онест," и „Абе", ќе бидат испратени во парк каде ќе престојуваат и можат да бидат видени од јавноста.

Претседателот исто така и кажа на нацијата дека во време на зголемена безбедност, нема потреба да се загрижени за терористички закани. Тој од Белата куќа кажа дека е Владата нема „веродостојни, специфични" информации за какви било закани.

XS
SM
MD
LG