Линкови за пристапност

Реакции на соборувањето на рускиот авион


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кажа дека турското соборувањето на рускиот воен авион „личи на планирана провокација", но дека Русија нема да оди во војна со Турција.

Лавров изјави дека по инцидентот Русија ќе ги преиспита своите односи со Турција. Тој ја откажа планираната посета на Анкара, но разговарал со министерот за надворешни работи на Турција и се согласиле да се сретнат во наредните денови.

Турскиот премиер, Ахмет Давутоглу, пред турските пратениците рекол дека земјата нема намера да ги залади односите со својот "пријател и сосед" Русија.

Претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја едноставно ја брани својата безбедност, и дека тој не посакува ескалација на односите со Русија.

XS
SM
MD
LG