Линкови за пристапност

САД повторно се фокусираат на Балканот


Годинава САД одвоиле повеќе од 134 милиони долари помош за земјите од Западниот Балкан.

Американскиот потпретседател Џо Бајден во Загреб се сретна со лидерите од Југоисточна Европа сигнализирајќи зголемен интерес за Балканот. Посетата на Бајден доаѓа во време на тензии во регионот околу мигрантската криза во Европа и во време кога трае дебата дали САД да прифатат сириски бегалци, по терористичкиот напад во Париз. Гостин на средбата беше и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Во фискалната 2015-та година, САД одвоиле повеќе од 134 милиони долари помош за поддршка на реформите потребни за напредок во интеграцијата на Западниот Балкан во Европската унија и НАТО. Ова вклучува помош за Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, исто така помош за безбедноста во Хрватска и Словенија.

Цели на американска помош за Западен Балкан

• Да се забрза процесот на владеењето на правото и реформи за одговорно владеење (34 милиони долари);

• Помош за професионализација на агенциите за спроведување на законот, да се подобри безбедноста на границите, да се зајакне стратешката контрола на трговијата, да се заврши деминирањето и да се уништи илегалното оружје (25 милиони долари);

• Поддршка на граѓанското општество, политичките процеси, независните медиуми и истражувачкото новинарство, зајакнување на спроведувањето на антикорупциските закони и институции (13 милиони долари);

• Подобрување на конкурентноста на малите и средни претпријатија и проширување на трговијата во регионот и Европа (22 милиони долари);

• Поддршка на иницијативата на Европската Унија за реформи во Босна и Херцеговина (сумата вклучена во износите наведени погоре);

• Промоција на помирување по конфликтите (4 милиони долари);

• Интегрирање на регионот во енергетските мрежи во Европа преку поттикнување на регулаторни и политички реформи, зголемување на пристапот до финансии за обновливите извори на енергија и намалување на испуштањето јаглерод диоксид (5 милиони долари);

• Помош за аспиранти за членство во НАТО / новите членови во исполнување на барањата на НАТО и да се зголеми меѓусебната соработка , развивање на способности за учество во мировни операции (28 милиони долари, вклучувајќи ја Хрватска и Словенија);

• Зајакнување на професионалното образование и да се промовира зголемување на пристапот до високото образование (3 милиони долари);

• Поддршка на спроведувањето на договорите за дијалог меѓу Косово и Србија, вклучувајќи го и процесот на интеграција на северниот дел на Косово во правниот систем и економскиот систем на земјата. (вклучено во износите наведени погоре ); и

• Спротивставување на екстремистички пораки и помош во спроведувањето на законодавството против странските борци ( буџетот е на централно ниво, сумата не е вклучена во вкупниот број на 134 милиони долари наведени погоре) .

XS
SM
MD
LG