Франсоа Оланд е во посета на Вашингтон и се сретна со американскиот претседател Барак Обама.
Во понеделникот Оланд беше домаќин на британскиот премиер Дејвид Камерон, а подоцна неделава ќе одржи одделни разговори со лидерите на Русија, Кина, Германија и Италија.
Белата куќа соопшти дека Обама и Оланд ќе разговараат за "продолжување на соработката", како дел од американската коалиција која спроведува воздушни напади врз цели на Исламската држава во Ирак и Сирија повеќе од една година.
Портпаролот Џош Ернест го поздрави приклучувањето на Франција во нападите и додаде дека САД веруваат дека „може повеќе да се направи доколку земјите се подготвени да вклучат дополнителни ресурси."
Тој додаде дека САД досега придонеле најмногу во однос на хуманитарната помош и воено, но дека земјата има можности и е драго да го стори тоа.