Линкови за пристапност

Заврши опсадата на хотелот во Мали


Не е јасно дали силите на Мали го исчистиле хотелот од вооружените лица кои упаднале во „Радисон Блу“ во Бамако

Властите на Мали велат дека нема веќе заложници во луксузниот хотел кој беше нападнат од исламските милитанти.

Се' уште не е познато дали дали силите на Мали го исчистиле хотелот од вооружените лица кои упаднале во „Радисон Блу“ во Бамако. Милитантите држеа 170 заложници.

Има извештаи кои велат дека има 18 мртви тела во хотелот во Бамако, но од ОН предупредуваат дека бројот на мртви најверојатно е поголем.

Американската воена управа во Африка вели дека шест од спасените заложници се американски државјани.

Американски војници помагале во акцијата надвор од хотелот.

Новинарката на Гласот на Америка која се наоѓа во Мали вели дека безбедносните сили на Мали ги блокирале сите приодни патишта до хотелот. Експлозиите и пукотниците коишто се слушале во текот на денот, се запрени.

Најмалку четири вооружени лица го нападнале хотелот. Извештаите велат дека заложници кои знаеле да го цитираат Коранот биле ослободени.

Агенцијата Ројтерс известува дека Ал Мурабитун, џихадистичка група од Мали која е поврзана со Ал Каеда ја превзеле одговорноста за нападот. Нема начин за да се потврди веродостојноста.

Мали се бори со бунтовници поврзани со Ал Каеда неколку години и истите овие групи ја превзедоа одговорноста за напад на друг хотел во јужниот дел на Мали порано годинава.

Франција испрати тим за справување со заложнички ситуации за да помогнат во операцијата за спасување. Мали е поранешна колонија на Франција.

Новинарката на Гласот на Америка, Катарина Хоије вели дека до сега нема видено француски трупи во Мали.

„Како што знаеме, тие најчесто извршуваат анти-терористички операции на југ од земјата“ изјави таа. „Не се лоцирани во главниот град.“

Обама ја надгледува ситуацијата. Побара од вработените редовно да го известуваат за настанот.

Властите велат напаѓачот до хотелот дошол со дипломатско возило.

Американската амбасада во Мали издаде соопштение во кое се вели дека амбасадата е во тек со случувањата и бара од бара од сите американски државјани и вработените во амбасадата да се засолнат на безбедно место.

Нападот во Мали ја нагласи најавената закана од страна на исламистите кои се активни во северниот и централниот дел на Мали, наспроти присуството на мировниците на ОН.

Сили предводени од француската армија соборија исламски групи од власт во северен Мали во 2013-та. Групите ја презедоа власта на северот по воен пуч во Бамако во 2012-та.

За време на напад во главниот град Бамако во март оваа година, во ресторан популарен меѓу туристите беа убиени пет лица.

XS
SM
MD
LG