Линкови за пристапност

Студија: За да ја импресионираат жената, мажите јадат повеќе


Истражувачи од Универзитетот Корнел изнесоа податоци дека кога маж и жена јадат заедно, мажот јаде 93 проценти повеќе пица и 86 проценти повеќе салата, отколку кога јаде во друштво на мажи.

Животните - мажјаци од различни видови имаат различни начини да ја привлечат женката. Некои имаат разнобојни пердуви, ги подуваат мускулите и слично, но, ново истражување покажува дека мажот-човек се обидува да ја импресионира жената-човек со тоа што јаде повеќе од неа.

Истражувачи од Универзитетот Корнел во журналот „Наука за еволутивната психологија“ изнесоа податоци дека кога маж и жена јадат заедно, мажот јаде 93 проценти повеќе пица и 86 проценти повеќе салата, отколку кога јаде во друштво на мажи.

„Овие податоци упатуваат дека мажот е наклонет да изеде повеќе за да „се покаже“. Оваа тенденција можете да ја забележите и во натпреварите за јадење, каде речиси секогаш натпреварувачи се само мажи, објаснува Кевин Нифин, од истиот универзитет.

За оваа студија истражувачите набљудувале 105 возрасни луѓе додека ручале во италијанско бифе кое функционира на принципот „јади колку можеш“ и направиле видео запис за да се види колку пица и салата било изедено. Тие исто така го имале предвид родот на двојките коишто јаделе заедно.

Откако завршиле со оброкот биле замолени да пополнат прашалник за тоа колку се сити и како се чувствувале додека јаделе, дали уживале или храната ја конзумирале набрзина.

За разлика од мажите, без оглед дали јаделе со маж или жена, жените внеле иста количина на храна, сепак чувствувале дека се прејадени и дека кога биле во друштво со машкиот пол, јаделе набрзина.

XS
SM
MD
LG