Линкови за пристапност

Откажан пријателски натпревар во Германија заради терористичка закана


Пред фудбалскиот натпревар Германија-Холандија властите откриле сомнителен предмет во стадионот по што го евакуирале објектот

Пријателскиот фудбалски натпревар меѓу репрезентациите на Холандија и Германија, што требаше да се одигра во Хановер, е откажан бидејќи во стадионот бил пронајден сомнителен предмет. Германската полиција веднаш не го идентификувала предметот.

Натпреварот е откажан на помалку од два часа пред почетокот и само четири дена по смртоносните напади во Париз, при што беа убиени преку 120 лица, а преку 350 се повредени. Стадионот во Хановер има капацитет од 49.000 посетители. Еден од нападите во Париз беше изведен исто така пред фудбалски стадион.

Германската канцелрака Ангела Меркел и неколку владини министри требаше да присуствуваат на вечерашниот натпревар, во знак на солидарност со Франција. Двајца холандски министри, коишто допатуваа во Германија токму за спортскиот настан, мораа со следниот лет да се вратат во нивната земја.

Некои фудбалски навивачи коишто пристигнале порано и влегле во стадионот, биле евакуирани.

XS
SM
MD
LG