Линкови за пристапност

Републиканците повикуваат на поостар одговор на тероризмот


Како одговор на терористичкиот напад во Париз од екстремистичка група, Исламска држава, некои републиканци зборуваат за растечката вознемиреност на Американците во врска со терористичките закани и ја критикуваат администрацијата на Обама за она на што тие гледаат како несоодветна реакција.

На телевизиска програма „Морнинг Џо“ на МСНБЦ американскиот сенатор Френк Лангфорд од Оклахома ја обвини администрацијата на Обама за потценување на Исламската држава и нејзините борци, кои ја презеле контролата во клучни области во Ирак и Сирија и натрупале фондови да водат војна на повеќе фронтови.

„Се справуваме лекомислено", рече Лангфорд, кој е член на сенатската Комисија за домашна безбедност. „Тие се во војна со нас, така што подобро би било да одговориме", додаде тој, истакнувајќи дека американските власти сега спроведуваат истраги за екстремисти „во сите 50 сојузни држави“.

На истата емисија претседателскиот кандидат Доналд Трамп повика да се засили надзорот врз џамиите.

Водителот и поранешен републикански конгресмен Џо Скарборо, во телефонско интервју го запраша републиканскиот кандидат дали би разгледал затворање на џамиите што поттикнуваат на насилен, екстремистички ислам.

„Јас би мразел да го сторам тоа", одговори Трамп", но тоа е нешто што ќе мора да се разгледа. ... понекогаш омразата доаѓа од овие области. Тоа е нешто за што многу луѓе размислуваат и многу луѓе мислат да го сторат“.

Како што пренесува Асошиетед прес, претседателскиот кандидат Џеб Буш за Фокс њуз изјавил дека демократите „немаат поим“, додавајќи: „Ние треба да немаме сочувство за нашите непријатели. Ние треба да ги уништиме“.

Сенаторот Линдзи Грем, исто така републикански претседателски кандидат, се појави на ЦНН заедно со својот колега, американскиот сенатор Џон Мекејн, претседавач на сенатската Комисија за вооружени служби.

Осврнувајќи се на зголеменото глобалното движење на бегалци и за можноста да има терористи меѓу нив, Грем кажа: „Секој што доаѓа во Америка треба да биде проверен добро и. ... елиминирањето на програмата за бегалци не го решава проблемот. Треба да се отиде на терен и да се нападнат таму“.

Обама водеше кампања во 2008 година на платформата за ставање крај на војните во Авганистан и Ирак.

Грем препорачува да се има интегрирани регионални армии, предводени од американски и НАТО трупи кои ќе се борат против исламските екстремисти „пред тие да не нападнат дома“.

Мекејн, кој ја предводи сенатската Комисијата за вооружени служби и беше ривал на Обама на претседателските избори во 2008 година, рече дека „неуспешната надворешна политика“ го предизвикала проблемот со бегалците. Но, додаде, „ИСИС не е непобедлив“.

XS
SM
MD
LG