Линкови за пристапност

Напад на Париз


Претседателот Барак Обама кажа дека САД се со Франција во борбата против тероризмот.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги затвори границите на државата по серијата напади низ Париз кои во петокот навечер убија десетици лица.

Во телевизиско обраќање Оланд прогласи вонредна состојба неколку часа по нападите. Претставник на француската полиција за Гласот на Америка кажа дека 67 лица биле потврдени мртви во нападите на ресторани и во близина на стадион. Официјални лица велат дека најмалку 15 лица биле убиени во концертна сала и земени неколку десетини заложници. Подоцна, истрели се слушнале во централен Париз.

Експлозијата во бар близу националниот стадион северно од Париз се случила во време додека Франција била домаќин на фудбалски натпревар со Германија. Се јавува за неколку мртви во нападот. Оланд го гледал натпреварот и бил евакуиран.

Американскиот претседател Барак Обама нападите ги нарече “незамислив обид за тероризирање цивили”. Во телевизиско обраќање во петокот навечер, тој кажа дека САД се со Франција во борбата против тероризмот. Тој додаде дека решил да не го повика Оланд веднаш по нападите, но дека е убеден дека ќе бидат во директен контакт наредниот ден. Британскиот премиер Дејвид Камерон на твитер кажа “Ќе сториме се што можеме да помогнеме”.

XS
SM
MD
LG