Линкови за пристапност

Од раселени семејства до терористи


Подемот на Исламската држава во Авганистан
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:31 0:00

Подемот на Исламската држава во Авганистан

Членовите на племето Шинвари во Источен Авганистан, лесно препознатливи по нивните бели капи, порано годинава им ги отворија своите домови на луѓето за кои сметале дека имаат потреба за тоа.

Племенскиот водач Малик Најаз, вели дека дојденците тврделе дека се раселени заради воената операција на Пакистан во Северен Вазиристан, а неговите луѓе ги примиле како гости: „Прво дојдоа како пријатели. Со себе имаа членови на нивните семејства и лични работи. Меѓу нив имаше и жени. Рекоа дека се пријатели на владата. Побараа да им обезбедиме засолниште и ни` рекоа дека ни` се браќа.“

Во рок од неколку месеци, новодојдените почнале да го покажуваат своето оружје и да се мешаат во локалните прашања, и еден ден почнале да вадат црни знамиња и да се самопрогласуваат како Исламска Држава на Авганистан. Најаз додава: „Бараа од луѓето да им се заколнат на лојалност. Им велеа ќе им платат 500-600 долари месечно. „Ќе ви ги заштитиме куќите“, рекоа. „Бидете наши пријатели.”

Насилството на ИД натера илјадници припадници на племето Шинвари да ги напуштат своите домови. Повеќето од нив сега се раселени.

Оттогаш наваму, милитантите ги интензивираа нападите ширум провинцијата, вклучувајќи го и нејзиниот главен град, Џалалабад.

Официјалните лица се обидуваат да го галванизираат локалното население да се крене против милитантната група. Но тие велат дека ќе се вклучат само ако владата преземе операција против групата и ја исчисти областа.

XS
SM
MD
LG