Линкови за пристапност

Нова книга: Биографија на Џорџ Буш постариот.


Во својата нова авторизирана биографија, поранешниот американски претседател Џорџ Х.В. Буш изјави дека Дик Чејни имал „своја империја" во Белата куќа , кога бил потпретседател за време на Буш помладиот.

Постариот Буш за поранешниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд кажа дека имал „недостаток на трпение, и недостаток внимание за тоа што мислат другите".

Постариот Буш го обвини неговиот син дека им дозволил на Чејни и Рамсфелд да вршат влијание, како и за претенциозната реториката на својот син во некои прилики.

Буш додава дека неговиот син го направил најдоброто што можел како претседател и дека ја уживал неговата поддршка.

XS
SM
MD
LG