Линкови за пристапност

НАСА: Антарктикот со зголемено ниво на мраз


Новото истражување за формирање мраз на Антарктикот, можно е да го оспори вообичаеното мислење дека континентот го губи копното од мраз.

НАСА во Журналот за глечери, вели дека сателитските податоци покажуваат дека Антарктичкиот леден штит во периодот од 1992-та до 2001-та година, имал пораст од 112 милиони тони мраз годишно. Овој податок во периодот од 2003-та до 2008-та година, се променил на 82 милиони тони годишно. Но, порастот не е подеднакво постојан низ континентот.

„Во суштина, се согласуваме со некои други истражувања кои покажуваат зголемување на испукан мраз во Антарктичкиот полуостров и околу островските региони од Западен Антарктик“, вели Џеј Звали, научник на НАСА и автор на студијата.

„Нашето најголемо несогласување е за источен Антарктик и внатрешниот дел на западен Антарктик, каде забележуваме создавање на мраз, што го надополнува неговото губење во други области.“ Звали додаде дека неговиот тим „измерил мали промени во висината на мразот на обемни површини, како и големи промени на помали површини.“

Овој научник предупредува дека формирањето мраз во одредени области може да го изедначи губењето во други.

Доколку губењето на мраз на Антарктичкиот полуостров и делови од западен Антарктик, продолжи да се зголемува со исто темпо како во последните 20 години, губитокот ќе се надомести со формираниот мраз од изминатите 20 – 30 години во источен Антарктик “ вели тој. „Јас не мислам дека ќе има зголемени врнежи на снег, до тој степен за да се изедначи овој дефицит.“

Звали и неговиот тим дошле до овие сознанија со помош на два сателита.

Претходните зголемувања на мразот во источен Антарктик биле резултат на зголемените врнежи на снег, но Звали вели дека метеоролозите велат дека врнежите од снег во регионот се намалиле за 11 милиони тони годишно.

Истражувачите исто така користеле примероци од средината на мразот, за да ги анализираат снежните врнежи од пред илјадници години. Тоа покажало дека дебелината на мразот во источен Антарктик се зголемувала во тек на многу години.

„При крај на последното ледено доба, воздухот низ континентот станал потопол и повлажен, удвојувајќи ја количината на снегот, паднат на ледениот штит„ вели Звали.

Со текот на време, снегот се претворил во мраз и се стврднувал за 1,7 сантиметри годишно. Ова е доволно за да се надокнади недостатокот на мраз во други области на континентот.

„Добрата вест е дека Антарктикот во моментов не придонесува за пораст на нивото на водата во морињата, годишно, туку зема 0,23 милиметри од оваа вода “ вели Звали.

XS
SM
MD
LG