Десетмина врвни републикански претседателски кандидати се судрија на полето на економската политика во средата навечер, истовремено лично напаѓајќи се за време на третата дебата на примарната изборна сезона.
Дебатата емитувана на финансискиот канал на кабловската телевизија ЦНБЦ, дојде во време кога магнатот во областа на недвижнини Доналд Трамп изгледа дека го губи едномесечниот примат на позицијата фаворит на трката.
Сега Трамп е зад пензионираниот неврохирург Бен Карсон според неколку национални истражувања на јавно мислење, и изгледаше повеќе дефанзивен споредено со настапите на претходните дебати.
Запрашан од модератор дали води нереалистичка кампања од “цртани стрипови”, Трамп луто одговори “Тоа не е убаво поставено прашање, на начинот како што го кажавте”.
Карсон, политички аутсајдер, исто така издржа неколку напади од неговите ривали, Некои беа насочени спрема неговиот даночен план.
Гувернерот од Охајо, Џон Кесик ги нападна двајцата фаворитски кандидати, велејќи дека нивните даночни планови се “фантазија# и велејќи дека САД “не можат да изберат некого кој не знае како да ја извршува работата”.
Друг клучен момент на почетокот на дебатата се случи кога поранешниот гувернер на Флорида, Џеб Буш го нападна неговиот долгогодишен пријател и исто така политичар од Флорида, сенаторот Марко Рубио, за пропуштени неколку сенатски гласања.
“Марко, кога ја прифати оваа работа занаеше дека е за шест години, а не француска работна недела каде три пати треба да се појавите на работа."
Рубио возврати дека Буш го напаѓа зашто тоа било политички исплатливо. “Некој те убедил дека ако ме напаѓаш, ќе ти помогне”, рече Рубио на човекот кој во минатото му бил како ментор.
Другите дебатирачи беа поранешната директорка на Хјулит Пакард, Карли Фиорина, гувернерот на Њу Џерси Крис Кристи, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, поранешниот гувернер на Арканзас Мајк Хакаби, тексашкиот сенатор Тед Круз и сенаторот од Кентаки Ранд Пол.