Борбата против пропагандата на Исламска држава и други успешни пропаганди не може да се врши само со „твит-за-твит“, затоа што тоа само ги потврдува нивните пораки, беше кажано на распит на конгресна поткомисија.
Помошникот секретар за одбрана Мајкл Лампкин кажа пред членовите на комисијата дека наместо спротиставување на обвинувачката пропаганда, американските напори треба се насочат на „изложување на противречностите и лагите пред публика која често има различни перцепции и културни норми од нашите“.
Напорите на САД за борба против пропагандата се водат во сите владини агенции, но тие се предводени од страна на Стејт департментот, а Министерството за одбрана и Бордот на гувернери за радиодифузија (ББГ) кои имаат клучни улоги. Поткомисијата за вооружени служби во Конгресот го ислуша нивното сведочење во четвртокот.
Лампкин проценува дека веројатноста е оти само околу еден процент од луѓето кои се мета на пораките ќе ги поддржат акциите на Исламската држава, затоа што потенцијалната публика е 1,6 милијарди луѓе, што значи дека 16 милиони луѓе би можеле да ја прифатат пропаганда.
Покрај тоа, тој кажа дека технологијата сега „им овозможува интерактивна дискусија во секое време од речиси секоја локација со речиси неограничен досег." Поврзаниот свет може да има многу позитивни придобивки, но подемот на Исламската држава и други групи како неа „ја нагласија темната страна“.
Јаз помеѓу зборови и дела
„Се чини дека што и да кажеме може да нема големо влијание“, кажа републиканскиот конгресмен од Аризона Трент Франкс, повикувајќи се на „светите суштински вредности“ кај членовите на Исламската држава.
Но, Лумпкин цитираше студија спроведена од страна на либанската компанија Квантум која ги дели членовите на Исламската држава во девет категории - луѓе кои бараат статус, идентитет, одмазда, откуп, одговорност, возбуда, идеологија, правдата и смрт.
„Исто како што нашата мисија има специфични целна група, ние мора да имаме пораки насочени кон овие девет различни категории“, рече тој.
Метју Армстронг од Бордот на гувернери за радиодифузија (ББГ) изјави дека целта на агенцииите во кои е вклучен и Гласот на Америка е да се пополни јазот помеѓу она што се зборува и она што се прави.Тој рече дека пропагандата на Исламската држава има историски и современи лаги, така што новинарството, известувањето за фактите на теренот, може да направат разлика.
Армстронг го издвои Гласот на Америка „кој отсекогаш имал основна цел на поголема моќ на луѓето преку пристап до вести и информации“, и како таква е „фундаментално спротивна на пропагандата“.
Мерење на успехот
Лампкин наведе два главни предизвика. Еден од нив е технологијата, која се развива со брзо темпо што е тешко да се следи.
Друг предизвик е евалуацијата. Како е можно да се знае дали напорите против пропагандата се исплателе? „Кога не се случуваат лоши работи, тогаш знаеме дека сме биле успешни“, кажа Лампкин.
Сите кои сведочеа на сослушувањето се согласија дека нивниот најголем проблем е буџетската неизвесност.
Борбата против пропагандата во светот е долгорочен напор, а незнаењето каков ќе биде буџетот од година во година – и тоа ја прави работата тешка, дури невозможна.