Линкови за пристапност

Новинари и активисти го одбележаа денот на недозволениот мирен простест пред две години


Новинарот Томислав Кежаровски зборуваше на местото каде на неговите колеги им било недозволено да протестираат со молк заради неговото апсење

„Овој ден не треба да се заборави, не заради Кежаровски, туку заради тоа што полицијата крена рака на новинарите, крена рака на слободоумниот човек“, изјави денес новинарот Томислав Кежаровски, кој стана симбол на новинарска храброст и протест против обидот на власта да го замолчи јавниот збор со осудување на затворска казна поради неоткривање на идентитет на извор.

Новинарот Кежаровски денес, кога во Македонија се прославува државниот празник Денот на ВМРО, со група активисти и новинари, пред Музејот на ВМРО, на местото каде пред две години, специјалните полициски сили ги спречија новинарите, облечени во црно, мирно да протестираат и со молк да бараат негово ослободување, симболично положи цвеќе и им се заблагодари на сите колеги кои го поддржуваа.

Кежаровски пред две години беше осуден на 4,5 години затвор заради наводно откривање идентитет на заштитен сведок во текстови објавени уште во 2008 во одамна згаснатиот весник „Репортер 92“. Ваквата пресуда за Кежаровски предизвика реакции во македонската јавност, но и критика од Европската и Светската федерација на новинарите, македонски и странски невладини организации, и граѓани.

Кежаровски беше осуден заради наводно обелоденување на идентитет на заштитен сведок. Иако на судење, сведокот самиот призна дека лажно сведочел, Кежаровски помина две години во притвор и во куќен притвор, и беше осуден на 4,5 години завтор, односно, со потврдената па намалена првостепена пресуда од Апелациониот суд - на 2 години затвор. Откако Апелациониот суд ја ја потврди одлуката на Основниот суд Скопје 1 - за условен отпуст, новинарот Кежаровски, по поминати повеќе од 20 месеци во притвор и во куќен притвор, беше ослободен, без да ги дослужи последните три месеци од изречената казна од две години затвор во случајот „Ликвидација“.

XS
SM
MD
LG