Линкови за пристапност

Џо Бајден нема да влезе во трката за претседател


Тагата за смртта на неговиот син, е најголема причина за неговата неподготвеност за овој голем чекор

После неколку месечно шпекулирање, американскиот подпретседател Џо Бајден, решил да не се номинира за претседателсите избори во 2016 година.

Од Белата куќа, Бајден рече дека после смртта на неговиот син, кој почина во мај од рак на мозокот, „не му е приоритет да се грижи за рокови, дебати или состаноци.“

„Јас верувам дека го немаме потребното време за да спроведеме победничка кампања“ рече Бајден, кој беше придружуван од неговата сопруга Џил и претседателот Барак Обама.

Бајден, кој има 72 години, рече дека иако нема да биде кандидат, тој „ќе биде гласен и јасен“ за тоа „во кој правец смета дека оваа нација треба да се движи.“

XS
SM
MD
LG