Линкови за пристапност

Безбедност на патиштата


Светската здравствена организација вели дека сообраќајките одземаат 1,25 милиони животи годишно што можело да се спречи.

Извештајот, кој се базира на податоци од 180 земји, покажува дека бројот на жртви од сообраќајни несреќи на годишно ниво се намалува. Ова е добра вест, бидејќи бројот на моторни возила драстично се зголемува, а и бројот на жители е во пораст.

Но, мора да се напомене дека сообраќајките се се` уште причина број еден за изгубени животи кај младите меѓу 15 и 29 години возраст. Светската здравствена организација има податоци дека безбедноста и смртноста на патиштата помеѓу богатите и сиромашните земји е различна.

Деведесет проценти од смртноста на патиштата доаѓа од ниско или средно развиени земји и покрај тоа што само 54 проценти од вкупниот број на возила се во овие земји. Најголемиот број на сообраќајки се случуваат во Африка, по што следи Блискиот исток, вели директорот на Одделот за незаразни болести, Етиен Круг.

Исто така, додава дека, земјите како Шведска, Англија, Холандија и други во последите десет години, го имаат намалено бројот на сообраќајките за 80 проценти, со воведување на пакет мерки за безбедност на патиштата. Овие мерки ги подразбираат високо-ризичните фактори, како брзина, алкохол и возење, носење на кацига, безбедносен ремен и безбедност за малите деца.

Во последните три години, 17 земји имаат воведено закони за безбедност на патиштата, што е уште една причина за напредок.

Брзата реакција после сообраќајна несреќа, е исто така многу важен фактор за спасување на животи. Студиите покажуваат дека доколку имало соодветен третман после несреќата, половина од жртвите до сега, најверојатно би можеле да ги преживеат повредите.

Велосипедистите и пешаците се 26 проценти од вкупниот број на жртви од сообраќајки, со бројка од 33 процента во Африка.

Во истиот извештај се вели дека 80 проценти од вкупниот број на продадени автомобили, не ги исполнуваат основните стандарди за безбедност. Ова, особено се случува во посиромашните земји, каде што блису 50 проценти од 67 милиони моторни возила се произведени минатата година.

XS
SM
MD
LG