Линкови за пристапност

Возбудата расте кај љубителите на филмот „Војна на ѕвездите“


Интернет страниците кои продаваат билети за декември се блокирани од навалица

Обожавателите на „Војна на ѕвездите“ ширум светот се возбудени, откако беше објавен последниот и краен трилер за најочекуваниот филм, кој е наречен „Војна на ѕвездите: Силата се буди“, кој ќе почне со емитување во декември.

Во САД, трилерот дебитираше на телевизија за време на полувремето од натпревар на фудбалската лига во понеделникот, додека, низ светот обожавателите можеа да го видат на Интернет. До сега, има повеќе од 9,5 милиони прегледувања на Ју Туб.

Иако, последното издание од серијалот „Војна на ѕвездите“ ќе почне со емитување за два месеца, билети можат да се купат на Интернет. Некои од локациите на Интернет, каде што можат да се купат билетите, како Фанданго, поради големата побарувачка, беа блокирани.

Во режија на Џ.Џ. Абрамс, „Силата се буди“ е направен околу три децении после настаните во „Враќањето на Џедај“, кој беше направен како дел од оригиналната трилогија.

Промотивниот материјал не открива многу за заплетот во филмот. Главна улога има новиот злосторник Кило Рен (улогата ја игра Адам Дривер), како и оригиналниот лик од „Војна на Ѕвездите“, Хан Соло кого го игра Харисон Форд, и Кери Фишер во улога на принцезата Леа.

XS
SM
MD
LG