Министерот за одбрана на Кина, Чанг Вангуан повика на обновување на напорите за "заштита на регионалниот мир и стабилност", но во голема мера ја избегна дискусијата за контроверзните територијални спорови на состанокот на шефовите на одбрана на Асоцијацијата на југоисточни азиски нации или АСЕАН која се одржува во Пекинг.
Наместо тоа, тој ги повика земјите на Југоисточна Азија да се заложат за подобри односи и да сторат повеќе за справување со безбедносните предизвици, како што е тероризмот.
Неколку земји членки на организацијата, пред се Филипини и Виетнам имаат територијални спорови со Кина во Јужното кинеско море, Пекинг ги избегнува ваквите форуми да дискутира по прашањето.