Линкови за пристапност

Клинтон – потврдена фаворитка по дебатата


Иако Сандерс ја зголеми поддршката кај финансиерите, Клинтон отстрани многу дилеми кај нерешителните гласачи

Ова беа добри две недели за претендентката за претседателска функција од демократската партија Хилари Клинтон. По нејзиниот добар настап на демократска дебата во Лас Вегас повеќето аналитичари ја прогласија за јасен победник, иако нејзиниот главен противкандидат Сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс продолжува да има голема поддршка од либералното крило во партијата кои бараат алтернатива за Клинтон.

Кампањата на Сандерс собра речиси два милиони долари непосредно по дебатата. Сандерс исто така беше главна тема на внимание на дискусиите на социјалните медиуми за време и по настанот.

Настапот на Клинтон најверојатно ќе има решавачки ефект врз демократите кај кои расте лутината по анкетите кои покажуваа дека Американците гледаа со се` поголема недоверба кон Клинтон. Таа загриженост ја подгреваше и можноста дека потпретседателот Џо Бајден ќе се вклучи во трката како алтернатива за демократскиот естаблишмент. Сега многумина аналитичари се прашуваат како Бајден би се снашол во тековната трка.

Следниот голем предизвик за Клинтон ќе биде на 22 октомври, кога таа ќе сведочи пред Специјалната комисија на Конгресот кој го истражува терористичкиот напад од 2012-та година врз Конзулатот во Бенгази, Либија. Во нападот загинаа четворица Американци меѓу кои и амбасадорот Крис Стивенс.

Клинтон можеби доби и политички подарок од Сандерс за време на дебатата. Клинтон беше запрашана за контроверзата околу употребата на нејзиниот приватен е-маил додека беше државна секретарка на САД, Сандерс се согласи со Клинтон, дека е време да се премине кон други прашања.

Експертите веруваат дека Клинтон го исправи нејзиниот кампањски брод со дебатата. Но, поранешната државна секретарка има уште многу работа за да го подобри нејзиниот имиџ кај умерените и нерешителни гласачи кои ќе играат огромна улога во општите избори следната година, се разбира под претпоставка дека Клинтон ќе стане претседателски кандидат од демократите.

XS
SM
MD
LG