Линкови за пристапност

Кери во нова мировничка мисија на Блискиот исток


Државниот секретар на САД ќе се обиде да ги истражи можностите за смирување по новиот бран насилства

Американскиот државен секретар, Џон Кери, се подготвува за патување во Блискиот исток, за да ја разгледа можноста од враќање на смиреноста среде новиот бран на насилство меѓу Палестинците и Израелците.

„Она што тој сака да го направи веднаш, е да се намали насилството и да се дојде до чувство на смиреност, така што ќе може да се направи суштинска работа на решението за постоење на две држави. Но, во моментов, со толкаво насилство, тешко е да се има таква дискусија“, кажа Џон Кирби, портпарол на Стејт департментот.

Меѓу последните инциденти е убиство на Палестинец од страна на израелската полиција затоа што прободел со нож 70-годишна жена пред автобуска станица во Ерусалим.

Друг Палестинец бил убиен кога се обидел да прободе полицаец на влезот во Стариот град на Ерусалим.

Израел ангажира стотици војници низ целата земја, за да помогнат на полицијата да се справи со заканата од палестинските напади.

Напливот од насилство помеѓу Палестинците и Евреите започна пред еден месец. Се прошири гласина во арапските населби дека Израел планира да ја заземе џамијата што Муслиманите ја нарекуваат Ал-Акса, која се смета за свето место во источен Ерусалим, почитувано од Евреите и Муслиманите.

„Справувањето со овој конфликт, не е нешто со кое Америка или меѓународната зедница може да се справи. Конечниот крај може да дојде само со донесување на тешки одлуки од двете страни, одлуки, за кои треба голема политичка решителност“ изјави Џош Ернест, прес-секретар на Белата куќа.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, во средата рече дека е спремен да започне разговори за мир, но дека и Палестинците ќе мора да покажат политичка храброст.

Палестинците се исто така загрижени поради еврејското навлегување во западниот брег, што тие посакауваат да биде дел од нивната држава. Многумина не се задоволни од палестинскиот претседател Махмуд Абас. Го сметаат за слаб од причина што мировниот договор за постоење две држави станал се` подалечен.

XS
SM
MD
LG