Линкови за пристапност

Меркел: Европа мора да соработува со Турција за мигрантите


Германската канцеларка вели дека Европа мора да соработува со Турција за да се справи со најголемиот прилив на баратели на азил во Западна Европа од Втората светска војна наваму.

Зборувајќи во Долниот дом на германскиот парламент Ангела Меркел рече дека Турција е клучна транзитна точка за повеќето мигранти кои се движат кон Запад. Посочи дека Европа и Турција мора да работат заедно и за подобрување на условите во земјите од каде што потекнуваат мигрантите.

Меркел денес ќе присуствува на самитот на лидерите на Европската унија во Брисел, каде што мигрантската криза ќе биде централна тема.

Минатата сабота за време на разговорите со партнерите од Европската унија, Грција се обврза да отвори пет мигранти центри. Слично како Турција, Грција е на патот на многу мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка кои во потрагата по подобар живот се обидуваат да стасаат во Западна Европа.

Прв таков прифатен центар се очекува да се отвори во рок од неколку дена во Митилини, на островот Лезбос.

XS
SM
MD
LG