Линкови за пристапност

Договор САД-Русија за избегнување инцидент над Сирија


Претставници на одбраната преку видео-конференција разговараат за безбедносните процедури

Американски и руски претставници на одбраната одржуваат разговори преку видео-конференција за безбедносните процедури за нивните екипажи кои имаат мисии на летање над Сирија.

Американскиот секретар за одбрана Аштон Картер вчера рече дека се напредува во разговорите и дека очекува договор во многу краток рок за спречување потенцијален воздушен инцидент меѓу американски и руски авиони.

„Иако не се согласуваме околу политиката кон Сирија, ние треба постигнеме договор дека пилотите ќе бидат колку што тоа е можно побезбедни“, изјави Картер на вчерашната прес-конференцијата во Бостон. „Русија мора да се однесува професионално над сириското небо и да се придржува на основните безбедносни процедури“, кажа тој.

Министерството за одбрана на Русија во вторникот издаде соопштение дека подготвува своии предлози и дека ќе ги испрати на Американците.

Картер исто така кажа дека мисијата на САД е да бомбардираат цели на Исламската држава во Сирија и дека тоа нема да се промени, но тој ги повика Русите да се откажат од она што тој го нарече „неуспешна стратегија“, велејќи дека тоа е „погрешно и стратешки избрзано“.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД одбиле да учествуваат во разговорите за пошироката координација на повисоко ниво во Сирија во кои би биле вклучени делегации на високо ниво, а би се одржале во главен град на трета земја. Рускиот претседател Владимир Путин разговараше за предлогот на форум во вторникот, велејќи дека неговата земја би била предводена од премиерот Димитриј Медведев заедно со воени и безбедносни претставници.

XS
SM
MD
LG