Линкови за пристапност

Европа ги суспендира санкциите спрема Белорусија


Министрите на ЕУ се согласија на потегот по големата победа на Лукашенко на изборите

Министрите на Европската унија ги суспендираа санкциите за Белорусија, последователно големата победа и преизборот на авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко.

Одлуката на Европската унија беше соопштена во понеделникот од страна на францускиот министер за европски работи Харлем Десир, само неколку недели откако Лукашенко неочекувано нареди ослободување на шест политички затвореници, вклучувајќи го и кандидатот за претседател Николај Статкевич, кој беше уапсен неколку часа откако Лукашенко победи по четврти пат во 2010-та година.

Овој потег беше интерпретиран како обид за започнување разговори со Запад, со цел да се прекинат санкциите кои беа поставени од страна на запад, поради суровиот третман на опозиционите лидери и активисти од страна на Лукашенко, за време на неговото дводецениско владеење.

Во понеделникот, Лукашенко официјално беше прогласен за претседател, победувајќи по петти пат, со поддршка од 84 проценти од гласачите.

Тој се соочи со незначителна опозиција од две про-владини партии и еден малку познат опозиционен активист.

Првото приоѓање кон Запад од страна на Лукашенко беше минатата година, кога Белорусија, која е обично сојузник на Русија, одби да го признае спојувањето на украинско - кримски полуостров со Русија. Тој исто така беше против улогата на руската војска во источна Украина.

Санкциите официјално треба да се обноват на 31ви октомври, и властите од ЕУ велат дека во план е да се продолжат за потоа веднаш да се суспендираат до февруари.

XS
SM
MD
LG