Линкови за пристапност

Клинтон во центарот на првата демократска дебата


За разлика од републиканците, демократите минаа многу помалку време во критикување на колегите и расправаа за тешки прашања

По две рунди на дебатирање на републиканците, дојде редот на демократите кои сакаат да бидат следниот американски претседател, во вторникот навечер да ја одржат ссвојата прва дебата во кампањата за изборите 2016-та.

Како фаворит во демократската трка, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон беше центар на дебатата, буквално и фигуративно, стоејќи во средината меѓу четворицата други кандидати кои зедоа учество.

Првото потешко прашање вечерта дбеше упатено директно на фаворитката. Клинтон беше запрашана дали често го менува ставот само за да биде избрана, бидејќи го променила мислењето за трговскиот договор што неодамна беше потпишан од 12 држави на пацифичкиот брег.

Клинтон се согласи дека го поддржала договорот додека била државна секретарка, но дека по три години, кога договорот бил потпишан, тој не одговарал на нејзините стандарди.

“Како повеќето човечки суштества, јас апсорбирам нови информации”, рече таа.

Запрашани што е најважното прашање со кое се соочуваат САД, петтемина кандидати дадоа различно мислење. Линколн Чафи, поранешен сенатое на Род Ајленд, ја избра војната на Блискиот Исток, Мартин О Мали, поранешниот гувернер на Мериленд, кажа дека тоа е можноста Иран да дојде до нуклеарно оружје; Клинтон ја избра глобалната нуклеарна закана; Берни Сандерс климатските промени, а Џим Веб, поранешниот гувернер на Вирџинија, се фокусираше на американските односи со Кина заканата по кибернетската безбедностод азискиот гигант.

Клинтон директно се ангажираше со Сандерс за прашањето на контрола на оружјето. Таа кажа, посочувајќи на Сандерс, кој гласал против голема легислатива за контрола на оружјето , дека тој не бил доволно цврст по ова прашање.

Сандерс го бранеше своето мислење дека се залага за подобри услуги за ментално болните, за посилна проверка и затварање на дупката во законот што ги иззема продажбите на оружје на саеми за оружје од контрла на минатото на купувачот. Повеќето кандидати се согласја со Клинтон која повика “целата држава да застане против Националната асоцијација за оружје.”

Сандерс, од друга страна, и`помогна на Клинтон кога таа беше конфронтирана во врска со употребата на приватен емаил сервер додека била државна секретарка. Таа кажа дека направила грешка, и дека комисијата што тоа го истражува практично е огранок на Националната републиканска комисија. Наместо да ја напаѓа противничката, Сандерс рече, дека знае дека може да е лоша политика, но дека “Американскиот народ е уморен од слушање за тие имеил пораки.”

“Доста со имеилите”, рече тој. Чафи рече дека дека не се согласува со двајцата. Во прашање е “кредибилноста на лицето”, рече тој. "

Во силен контраст ос републиканската дебата, демократите минаа далеку помалку време напаѓајчи се меѓусебно, оставајќи ја вторничката дебата како интригантен форум за нивните политики.

Величината на демократското поле е уште една битна разликаа, со вкупно петмина кандидати.

XS
SM
MD
LG