Линкови за пристапност

Светот презаситен со нафта


Меѓународната агенција за енергија предвидува трендот да продолжи и во 2016-та

Презаситеноста од нафта на глобалниот пазар, ја намали цената на суровата и најверојатно така ќе продолжи и во 2016 година, изјавија од Меѓународната агенција за енергија во вторникот.

Групата од 29 земји коишто извезуваат нафта, лоцирана во Париз, прогнозира забавување на побарувачката на нафта, на линија со предвидувањето на Меѓународниот монетарен фонд за скромен глобален економски растеж следната година. Меѓународната агенција за енергија рече дека предвидува порастот на глобалната побарувачка да се намали од 1.8 милиони барели на ден оваа година, на понормални 1.2 милиони барели на ден, следната година.

Се претпоставува светската потрошувачка да достигне во просек 95,7 милиони барели на ден, следната година, што е за 100 илјади помалку од проценката минатиот месец.

„Предвиденото успорување на пазарот следната година и очекуваното доаѓање на дополнителни барели од Иран (со олеснувањето на меѓународните санкции), најверојатно ќе го одржува пазарот со доволно залихи во 2016 година” велат од Меѓународната агенција за енергија.

Некои економски аналитичари сметаат дека забавувањето на кинеската економија, исто така ќе ја намали светската побарувачка следната година, и покрај тоа што Агенцијата за енергија вели дека потрошувачката на нафта во Пекинг е во пораст изминативе месеци.

Цената на нафтата во светот постојано беше под 50 долари за барел последниве месеци, што е помалку од половина од пред 15 месеца. Ова ја намали цената на бензинот за моторни возила во некои земји, што доведе и до отпуштање од работа на работници во некои делови од нафтената индустрија, како што опаѓаше светската побарувачка за повеќе нафта.

XS
SM
MD
LG