Социјалната мрежа за пораки Твитер, во вторникот најави дека ќе отпушти од работа осум проценти од вработените или 336 работни места, заради реконструкција на компанијата, под раководство на нововратениот генерален директор Џек Дорси.
Отпуштањата од работа дојдоа само две недели откако Твитер го врати на функцијата Дорси, еден од основачите на компанијата, со цел да се справи со проблемите коишто го намалија растежот на овој сервис за известување и да го реши проблемот со финансиските загуби.
Лоцирана во Сан Франциско, оваа социјална платформа за пораки има проблеми со зголемување на бројот на корисниците над 300 милиони и да донесе профит.
„Ќе продолжиме понатаму преку реконструирање на работната сила и ќе ја ставиме нашата компанија на подобар пат за развој” напиша Дорси во имејл, објаснувајќи ги отпуштањата на вработените во Твитер.
Дорси го раководеше Твитер од 2007 до 2008 година и беше привремен извршен директор извесен период, откако Дик Костоло поднесе оставка во јуни.
Исто така минатата недела Твитер ја претстави новата алатка „Моменти” преку која корисниците ќе имаат можност брзо да се вклучат во „најдоброто од Твитер” со цел да нивелираат врските на Твитер со вестите во реално време.