Линкови за пристапност

Трамп и Клинтон и натаму во водство


Нова анкета сугерира дека Трамп има 27 отсто поддршла меѓу републиканските гласачи, а Клинтон 46 проценти меѓу демократските.

Милијардерoт и магнат за недвижности Доналд Трамп и води помеѓу републиканските претседателски кандидати, додека Хилари Клинтон е на врвот на демократската листа.

Во новообјавена анкета направена на 1.200 гласачи од страна на ЦБС, Трамп има 27 отсто поддршка меѓу републиканците. Поранешниот неврохирург Бен Карсон е со 21 процент.

Трамп ја привлече поддршка од републиканските гласачите кои се лути на официјален Вашингтон, преку исмевање на неговите противници нарекувајќи ги губитници и недоволно силни.

Ниту еден од другите 13 републикански кандидати не доби двоцифрена поддршка.

Кај демократите, во анкетата на ЦБС води поранешната државна секретарка Хилари Клинтон со 46 отсто поддршка од гласачите, далеку пред независниот Сенатор Берни Сандерс со 27 проценти.

Потпретседателот Џо Бајден, кој допрва треба да се изјасни за својата кандидатура, има поддршка од 16 проценти.

XS
SM
MD
LG