Линкови за пристапност

Истага по терористичкиот напад во Анкара


Премиерот на Турција вели дека истрагата е близу до идентификување на сторителите.

Премиерот на Турција, Ахмет Давутоглу изјави дека Исламската држава е главниот осомничен за истражителите кои работат на двојниот самоубиствен бомбашки напад во саботата во Анкара во кој загинаа 97 луѓе.

Давутоглу кажа дека властите се близу до идентификување на еден од бомбашите, и дека доказите укажуваат на „одредена група“.

Експлозиите се случија за време на мировен митинг во кој беа повредени и 160 лица, најкрвав ваков напад во историјата на Турција.

Давутоглу рече дека бомбашките напади имале за цел да влијаат на парламентарните избори закажани за 1-ви ноември, но дека гласањето ќе продолжи според планираното.

Премиерот претходно ја повика нацијата да се обедини против тероризмот, но во саботата никој не ја презеде одговорноста за нападот, а ривалските групи продолжија да се обвинуваат едни со други.

Пратениците од владејачката партија АКП тврдат дека експлозиите биле дел од тајниот план на курдските сепаратисти да ја оцрнат владата, додека други пак ја обвинуваат прокурдската партија ХДП за бомбардирањето на свои приврзаници на митингот, со цел да ја зголемат поддршката кај гласачите пред изборите.

XS
SM
MD
LG