Линкови за пристапност

Зошто слоновите ретко заболуваат од рак?


Научниците велат дека одговорот можеби е во генот п53.

И покрај нивната големина и многу повеќе клетки во организмот отколку луѓето, кај слоновите, ракот како заболување е многу ретко, а нови истражувања објаснуваат зошто.

Клетките во организмот кај слоновите „имаат 38 дополнително модифицирани копии на ген кодиран како п53, којшто е добродефиниран потиснувач на туморот, за разлика од луѓето, кадешто има само две” покажуваат истражувањата.

Но, тоа не е се`.

Според истражувањата, кај слоновите, чиј век на живеење е помеѓу 50 и 70 години, смртноста предизвикана од рак е помалку од 5 проценти, споредувајќи со процентот кај луѓето кој е од 11 до 25 проценти.

„Логички гледано, слоновите би требало многу да заболуваат од рак, и со оглед на високиот ризик на кој се изложени, би требало веќе и да се изумрени ” вели Џошуа Шифман, педијатриски онколог од Институтот за третман на рак во Јута. „ Мислиме дека репродуцирањето на повеќе п53 е природен начин за опстанок на овие суштества.” изјави тој.

За да се сфати улогата на п53, тимот на Шифман соработуваше со Зоолошката градина во Јута и со Центарот за зачувување на слоновите. Земана е крв од слоновите и намерно уништена ДНКво клетките, што би требало да доведе до заболување од рак.

Истражувачите велат дека клетките „извршиле самоубиство.”

„Тоа е како слонот да вели – важно е да не добијам рак, и затоа ќе ги убијам тие клетки и ќе почнам од ново“, вели Шифман. „Ако ја убиете оштетената клетка, завршена е работата, и таа не може да се претвори во рак. Ова може да биде ефикасен пристап за заштита од рак, наместо да се обидувате да запрете веќе мутираната клетка натамошно да се дели која никогаш не ќе може сосема самата да се поправи.“

Други испитувања ќе бидат потребни за да се потврди дали п53 генот директно ги заштитува слоновите од рак.

XS
SM
MD
LG