Линкови за пристапност

Успешна жена во типично машки бизнис

Џиџи Стетлер е автор на книгата „Незапирлива! Преживувањето е само почеток“

Џиџи Стетлер е среќна што е жива.

Пред 30 години била нападната од бездомник на кого му помагала со храна, облека и засолниште. Ја нападнал во нејзиниот стан, ја избодел со нож и ја оставил во бессознание.

Стетлер преживеала и за време на нејзиното долго и бавно заздравување одлучила дека опоравувањето за неа треба да биде остварување на сонот – да стане успешна во светот на бизнисот.

„Не сте свесни колку сте силни се` додека не се борите за сопствениот живот”, вели таа и додава дека за време на премрежјето низ кое минувала, постојано се потсетувала „јас имам мисија, имам цел и нема сега да запрам.”

Денес, таа има 54 години и е сопственик на претприемаштво за рекреативни возила во Флорида, компанија која таа самата ја изградила од темел.

Нејзиното застапништво продава, дава под наем и сервисира рекреативни возила. Во Северна Америка под овој термин се подразбира моторно возило или камп приколка што има простор за живеење и удобност што може да се најде во секој дом.

Да се успее во светот на мажите

Најголем број од бизнисот со автомобили и рекреативни возила е под раководство на мажи. Стетлер е многу горда што е прва жена во САД - основач и директор на салон за рекреативни возила.

„Предизвик е да имаш бизнис во кој мажите се доминантни” вели таа.

Во книгата под наслов „Незапирлива! Преживувањето е само почеток” таа пишува за нејзиниот живот во светот на мажите.

Базирано на нејзиното искуство, таа не е изненадена од податоците на истражувањата за местото на жената во бизнисот. Глобалната компанија за сметководство „Грант Торнтон” направила анкети во фирми кои се на листата на берзи во САД, Индија и Велика Британија. Податоците се дека компаниите со мешовити раководни тимови ги надминуваат конкурентите кои се раководени само од мажи, за 655 милијарди долари.

Факт е дека жена може да трансформира и раководи со каква било компанија, вели Стетлер.

Но, за жал, на жените отпаѓа само нешто помалку од дваесет проценти од лидерските позиции во компаниите во Америка.

This item is part of
XS
SM
MD
LG