Линкови за пристапност

Патот на ратификацијата на Транс–пацифичкото партнерство


Изгледа дека одобрувањето полесно ќе мине во Азија отколку во САД

Транс-пацифичко партнерство, најголемиот договор за слободна трговија во историјата, беше фалено меѓу десетина блади-членки за обединување на пазарот што опфаќа 40 проценти од глобалната економија со 30 трилиони долари вредност на стоки и услуги. Но имплементацијата на договорот се` уште не е загарантирана.

После нетранспарентноста за време на преговорите, политичарите, специјалните групи и јавноста на дванаесетте земји членки на Транс-пацифичкото партнерство, наскоро ќе имаат можност да ги анализираат деталите на документот, кога тој ќе биде публикуван.

На многумина нема да им се допадне. И тоа ќе биде причина законодавците да размислат дали да го прифатат. Доколку во период од две години сите земји членки не го потпишат договорот, тогаш шесте првобитни потписници, чија вредност е осумдесет и пет проценти од групниот бруто домашен производ, ќе мора да го ратификуваат. Математиката покажува дека тоа ќе значи дека договорот ќе мора да биде одобрен во САД, заедно со Канада или Јапонија.

Неопходно е усвојувањето од страна на САД

Веќе има противници меѓу некои важни сенатори, вклучувајќи ги и оние од демократската партија на претседателот Барак Обама. Поранешната државна секретарка и кандидатка за претседател од демократската партија Хилари Клинтон е со оние кои се против Транс-пацифичкото партнерство.

Претседателот, пред да го потпише договорот, треба да чека најмалку 90 дена после официјалното информирање на Конгресот за договорот, иако некои очекуваат тоа да се случи деновиве. За време на тој период од 90 дена целиот текст од договорот треба да биде јавно објавен 60 дена. Поради Претседателската изборна кампања 2016-та, гласањето во Конгресот можно е да се случи следната година.

„Можам да замислам дека, доколку САД нема, или не може да го имплементира договорот, други можат да решат да одат во правец на ратификување, тоа ќе биде друга верзија – без САД ”, предвидува Дебора Елмс, поборник за овој трговски договор и генерален директор на Азискиот трговски центар со седиште во Сингапур.

Судбината на овој договор во Канада можно е да зависи од резултатите од изборите на 19ти октомври.

И во Австралија и Нов Зеланд има значителна опозиција на овој договор, но Елмс верува дека во овие земји може да добие зелено светло.

„Тие веруваат дека Американците добиваат многу повеќе отколку Австралија или Нов Зеланд ” кажа Елмс за Гласот на Америка.

Работничката партија од Нов Зеланд, којашто моментално не е дел од Владата, не е задоволна од мерката на Транс-пацифичкото партнерство, со која се забранува станско инвестирање во земјиште и станбен простор.

Чиле е уште една држава кадешто е можно да има силни противници, поради загриженоста од лесна достапност до лекови.

Голема поддршка во Јапонија, Виетнам

Ратификацијата не е загарантирана и во Јапонија.

Ќе биде разгледувано во двата дома на јапонскиот парламент и владата размислува за одржување на дополнителен состанок на почетокот на идната година, иако е неизвесно дали расправата по договорот ќе биде завршена. Значајни потези од Јапонија во областа на земјоделството ќе доведат некои земјоделски групи да се борат против потпишување на договорот.

Во Малезија, опозициониот законодавец Чарлс Сантиаго, смета дека овој договор за слободна трговија е „еден од најопасните трговски договори, кога станува збор за лесен пристап до различни видови на лекови, посебно во земјите во развој.” Тој за Гласот на Америка кажа дека малезиската влада ветила оти ќе го следи водството од парламентарниот консензус. Но владата има моќ да го одобри договорот и доколку повеќето од законодавците бидат против.

„Тоа е направено во минатото. Но, поради притисокот од граѓанското општество, од трговските синдикати, од професионални групи вклучувајќи и такви на малите и средните бизниси, владата може да рече – ако парламентот не го поддржува и ние нема да го поддржиме“, вели Сантиаго.

Најверојатно, Виетнам е една од земјите која би имала најголема корист од овој договор. Економијата на земјата до 2025-та година би пораснала за 11 проценти, а со извозот под крило на Транс-пацифичкото партнерство, ќе се зголеми на 28 проценти, според извештајот на Групата за Евроазија.

Според Дин Хуан Тао, претседател на законодавниот инстутут за истражување, Виетнам е целосно подготвен за ова партнерство. „Приклучувајќи се на партнерството Виетнам прифаќа да се соочи со краткорочни тешкотии за долгорочна добробит. ”

Но, Тао за Гласот на Америка кажа дека во Виетнам постои загриженост за правата на работнички синдикати санкционирани од државата во комунистичка држава.

Инволвираност на Кина?

Поранешен истакнат виетнамски законодавец, Нгујен Мин Тујет, го гледа овој договор како можност за Виетнам да е помалку зависен од својот голем северен сосед и голем непријател низ вековите.

„Моменталниот трговски баланс на Виетнам е наклонет кон Кина и најголемите инвеститори во Виетнам се Кинезите, Виетнам во голема мера зависи од Кина” , изјави Тујет во интервју за Гласот на Америка. „Придружувајќи се кон партнерството за слободна трговија, Виетнам ќе има повеќе партнери што најверојатно ќе ја намали економската зависност на земјата од Кина.”

Австралија, Брунеи, Мексико, Перу и Сингапур се исто така членки на Транс-пацифичкото партнерство.

Во овие земји законодавците и владата генерално ја поддржуваат слободната трговија и се очекува дека ова партнерство ќе биде озаконето.

Во следната рунда се очекува да има други земји кои се заинтересирани за влез во партнерството.

Најзабележително е што Кина, втора по големина економија во светот, покажува интерес.

„Она што ме загрижува е што реториката сугерира дека потпишувањето на овој договор е заговор против Кина” изјаво Елмс. „Тоа ќе направи да е потешкои во иднина да се доведе внатре Кина.“

Тајланд можно е да е следната земја која ќе бара влез во вториот круг, како и Колумбија, Костарика, Хонг Конг, Панама, Филипините, Јужна Кореја и Тајван.

XS
SM
MD
LG