Линкови за пристапност

САД бараат конструктивен одговор од Русија


Стејт департментот вели до сега тоа не го видел во рускиот ангажман во Сирија

Портпаролот на Стејт департментот изјави дека Америка не би сакала Русија да ја користи истата „формула” од Сирија и во Ирак.

Марк Тонер зборуваше во вторникот, откако руски законодавец рече дека Москва можно е да ги засили воздушните напади за Ирак, доколку добие официјално барање од ирачката влада.

Според руската новинска агенција Интерфакс, портпаролот на Собранието на руската федерација, Валентина Матвијенко, рече дека Москва ќе разгледа можност за „политички и воени советувања” за учеството во воздушната операција во Ирак.

Таа ова го кажа за време на состанокот со властите на Џордан. Таа додаде дека Русија се` уште нема добиено официјално барање од Ирак.

Ирак заинтересиран за инволвирање на Русија

Хаким ал-Замили, шеф на комисијата на ирачкиот парламент за одбрана и безбедност, во средата, за Ројтерс изјави дека можеби ќе побараат помош од Русија во наредните денови или недели, во зависност од исходот на Русија во Сирија.

Минатата недела ирачкиот премиер Хаидер ал-Абади рече дека е подготвен да и` дозволи на Русија да изведе напади врз Исламската држава во Ирак.

Во интервју за Франс 24 тој кажа, „ние очекувавме меѓународна коалиција, Американци, да донесат масивна сила за заштита од воздух на нашите воени сили.”

„Не го добивме тоа“, рече тој за време на заседанието на Обидинетите Нации.

Америка бара поконструктивна улога од Русија

Тонер изјави дека американските претставници би сакале Русија да игра „конструктивна” улога во борбата против Исламската држава во Сирија. „До сега тоа не го видовме“, изјави тој.

Америка ја критикуваше Русија за воените напади во Сирија, сметајќи дека нападите не целат на војската на Исламската држава. Американски претставници дури кажаа дека некои од руските напади изгледа како да имале за цел опозициони борци во Сирија обучувани од САД.

Русија го засили ангажманот во Сирија и поддршката за сирискиот режим исто така ја стави Москва во расчекор со Вашингтон во однос на иднината на сирискиот претседател Башат ал-Асат. Америка повикува за политичка транзиција во Сирија во која не е вкучен Асад.

Американската коалиција бомбардира цели на ИСИС во Ирак и Сирија.

Минатата недела американски и руски претставници започнаа преговори за да се избегнат инцидентни воени конфронтации во Сирија.

XS
SM
MD
LG