На голема меѓународна конференција за екосистемот на морињата во светот претседателот на САД, Барак Обама, во понеделникот, преку видео порака, соопшти креација на два нови водни резервати во државите Мериленд и Висконсин.
И други држави се очекува да излезат со слични соопштенија за време на дводневната конференција „Нашиот океан 2015-та” во Валпараисо, во Чиле. Државниот секретар Џон Кери е присутен на самитот.
„САД преземаат сериозни чекори за ограничување на јаглеродното загадувањето и заштитата на водите” рече Обама во видео пораката, нагласувајќи ја „својата посебна љубов кон океанот” од времето кога растел на Хаваи и Индонезија.
Земјата за прв пат после десет години развива подводни заштитени локации кои се од историска и еколошка важност. Едната е во водите на Мериленд во делот на Чиспик Заливот, а другиот е во едно од петте големи езера, езерото Мичиген, најголемиот систем во светот за свежа вода.
Во видео пораката, Обама го објавува планот, наречен Морски разузнавачи , дизајниран да го запре светскиот илегален и нерегулиран риболов. Планот инволвира „ново партнерство за зајакнување на борбата против нелегалниот риболов во земјите каде риболовот е од егзистенционално значење”, изјави претседателот.
Новиот Малоус залив - резерват во Мериленд,има и најразлични остатоци од бродови кои датираат од 1700 година.
Националниот морнарски резерват во Висконсин се простира на 96 километри долж брегот, северно од најголемиот град во државата, Милвоки. „Ние сме навистина фокусирани на (34 како што се дознава) остатоци од бродови” вели Џон Броихан, државен археолог, кој исто така истакна дека „ Висконсин, другите држави во кои се Големите езера и Канада работат напорно за повторно воспоставување на правото на риболов на пастрмка” и да се спротивстават на инвазивните видови.
Неколку држави и фондации ветуваат фондови и предлагаат иницијативи да се борат против загадувањето, нелегалниот риболов и загадувањето на океаните.
Чилеанската претседателка Мишел Бачелет и министерот за надворешни работи Хералдо Муноз исто така ќе зборуваат на конференцијата.