Линкови за пристапност

Врховниот суд на САД започна нов мандат


Врховниот суд на САД започнува со нов мандат неделава по тримесечен одмор, откако во јуни донесе големи одлуки, за истополовите бракови и за Актот за достапна здравствена заштита.

Деветтемина судии, петмина од кои се назначени од републикански претседатели и четворица од демократи, во понеделник започнуваат со разгледување на случаи, но последните одлуки кои се либерално наклонети може да не се индикација за тоа што може да се очекува во новиот мандат, велат некои експерти.

Ова се некои од случаите коишто најверојатно ќе се најдат на агендата на Врховниот суд во сесијата што завршува во јуни:

Синдикати

Фрдрих наспроти Педагошката Асоцијација од Калифорнија поднесоа барање судот да испита дали синдикатите во јавниот сектор може да бараат сите вработени да плаќаат давачки иако сите вработени не се согласуваат со ставовите на синдикатот.

Еднаквоста и диверзитетот

Фишер наспроти Универзитетот од Тексас го предизвикува судот да ја оцени уставноста на користењето на припадноста на раса како фактор во процесот на примање нови студенти. Четиринаесетиот амандман од Уставот гарантира „еднаква заштита” за сите граѓани. Во овој случај предметот на расправа е дали со цел да креира диверзитет на факултетите, на некои студенти им дава предност.

Изборни општини

Евенвел наспроти Абот е случај што го поставува прашањето дали мислењето на латино-популацијата бесправно е фаворизирана за време на давање помалку гласови на конзервативците заради начинот на кој се поделени гласачките општини. Четиринаесетиот амандман за еднаква заштита на граѓаните гарантира полиса „едно лице еден глас” и судот треба да реши дали сегашните електорални општински поделби им даваат поголема тежина на гласот на одредени популации.

Абортус

Постојат несогласувања за тоа дали законот на Тексас не им дозволува на жените да бараат безбеден абортус. Оние кои го поднесоа случајот пред судот сметаат дека овој закон повеќе се фокусира на тоа како да ги затвори клиниките што вршат абортуси отколку да обезбеди заштита на здравјето на жените.

XS
SM
MD
LG