Линкови за пристапност

Јавна и собраниска расправа за минималната плата


Тевдовски: „Минималниот доход во Македонија не ги задоволува ни елементарните потреби за живот“

Минималната плата е на дневен ред на собраниска седница по барање на опозицискиот СДСМ, но оваа тема одамна е предмет на поширока јавна расправа: Дали загарантираниот минимален доход кој сега изнесува 9.500 денари со најава од Владата дека ќе се покачи на 10.080 денари, може да ги задоволи елементарните потреби за живот?

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ja пресметува синдикалната минимална кошница. Оваа кошница ја претставува вредноста на елементарните производи и услуги потребни за живот на домаќинство на четиричлено семејство, кое живее во дом од 50 метри квадратни и не поседува автомобил. Исхраната е скудна. За превоз се користат месечни билети за автобус. Облеката и обувките вклучуваат набавка на по едно парче облека и пар обувки за секој член на семејството по сезони. Во пресметката за култура се вклучени трошоците на три производи, и тоа еднаш месечно одење во кино и редовно купување на еден неделен и еден дневен весник. Одржувањето и здравјето вклучува основни трошоци за лекарства, без лекарствата за хроничните болести. Не се вклучени трошоци за рекреација, образование, хотели и ресторани. Вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни 2015 година, доколклу во неа би биле вклучени и други потреби на населението би требало да изнесува 32.528 денари.

Во врска со ова објаснување побаравме од универзитетскиот професор Драган Тевдовски.

„Две минимални плати, односно двајца родители кои земаат минимална плата од 9.590 денари, покриваат едвај половина (или точно 59 отсто) од елементарните производи и услуги потребни за живот на едно четворочлено семејство во Македонија“, ни рече тој.

Згора не се, донесениот закон не обезбедува минимална плата од 9.590 денари во нето износ за одделите кои имаат најниски плати: производство на текстил, производство на облека и производство на кожа и слични производи на кожа. Во овие оддели минималната плата во 2015 година изнесува 8.050 денари (за 2016 година се предвидува 9.000 денари). Бидејќи според дефиницијата на Меѓународната организација на трудот минималната плата го претставува најниското ниво на плата кое може да го зема работник во државата кој работи во полно работно време, ова значи дека минималната плата во 2015 година е поставена на 8.050 денари, a не на 9.590 денари. Е сега споредете семејство со две вакви плати 16.100 денари со најнеопходните трошоци за живот според ССМ (32.528 денари)“, вели за Гласот на Америка, професор Тевдовски.

Професор Тевдовски смета дека државата има простор за интервенција за да се зголеми износот на минималната плата. Тој смета дека со 18, 5 милиони евра во буџетот би можеле да се направата корекции кои би го подобриле животот на 50.000 македонски работници и нивните семејства.

Овие пари потоа, не само што ќе донесат дополнителен приход за работниците со најниски плати, туку и директно ќе влијаат на зголемување на потрошувачката во економијата. Работниците парите во целост ќе ги потрошат, што е спротивно на случајот кога тие пари би завршиле за увоз на одредени луксузни производи или како профит на неколкумина, вели Тевдовски.

Во изјавата за Гласот на Америка, Тевдовски предупредува и на се` поголемиот социјален јаз меѓу се помала група на населението во коај е концертиран капиталот и се поголемата која има се помалку пари.

XS
SM
MD
LG