Линкови за пристапност

Груевски: Опасноста од ИСИС создава штета за економијата и за одржливиот развој на регионот


Груевски: Опасноста од ИСИС создава штета за економијата и за одржливиот развој на регионот
please wait

No media source currently available

0:00 0:25:38 0:00

Груевски: Опасноста од ИСИС создава штета за економијата и за одржливиот развој на регионот

Премиерот на Македонија се обрати пред Генералното Собрание на ОН

Разрешувањето на билатералниот спор со Грција за името и интеграцијата на Македонија во евроатлантските институции доминираа во обраќањето на премиерот Никола Груевски на 70-тото заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации.

Според Груевски иако регионот на Југоисточна Европа е во фаза на позитивен развој, „некои билатерални прашања имаат негативен одраз на сегашноста и иднината на Република Македонија“.

Регионот се соочува со два стратегиски и безбедносни предизвици: мигрантската криза и аспирациите на ИСИС за посилно присуство во Европа, кажа премиерот на Македонија. За него опасноста од ИСИС создава штета за економијата и за одржливиот развој, но уште полошо е што агендата на ИСИС е уништување на општествата базирани на универзални вредности и принципи заштитени од ОН.

Тој повика на разрешување на билатералните спорови со цел државата да биде интегрирана во НАТО и ЕУ.

Тој потсети на одлуката на Меѓународниот суд на правдата кој пресуди во корист на Македонија, и кажа дека би требало и другите членки на организацијата да ја почитуваат одлуката, посебно што доаѓа од суд основан од ОН.

Тој ја повика новата влада на Грција, во духот на добрососедски односи, да го разреши прашањето со името. Според него тоа ќе придонесе за зајакнување на регионот, и ќе придонесе за отфрлање на радикалните елементи и подобро спроведување на меѓународните конвенции за универзалните права и ќе го зајакне системот за одговор на хуманитарни предизвици.

Македонија ќе продолжи да работи заедно со членките на ОН во поддршката на меѓународниот мир, безбедноста, промоција на човековите права во достигнување на милениумските цели, кажа Груевски на крајот од неговото обраќање.

Премиерот ја искористи приликата да изрази поддршка за избор на идниот генерален секретар на ОН од источно-европската група на земји.

XS
SM
MD
LG