Републиканскиот спикер на Претставничкиот дом Џон Бејнер ќе си даде оставка на функцијата и ќе го напушти неговото место во Конгресот на крајот на октомври, јавуваат американските медиуми.
Бејнер беше под пролонгиран притисок од конзервативците во неговата партија кои го обвинуваат дека не успеал во борбата со администрацијата на Обама по прашања клучни за Републиканската партија. Бејнер се очекува официјално да ја објави оставката секој момент.