Линкови за пристапност

Високи државнички почести за кинескиот претседател


Претседателот за Ши Џинпинг организира вечера во Белата куќа со највисоки гости

Кинескиот претседател Ши Џинпинг пречекан со највисоки почести во Белата куќа. Церемонијата заврши со топовски салви и вечерва за него ќе биде организирана државничка вечера.

Се очекува претседателот Обама со него да разговара за тешки прашања, како кибернетска шпионажа, економијата и територијалните конфликти на Пекинг во Јужна Кинеско Море.

Во текот на изминатата недела, државните медиуми известуваа за позитивните движења во односите меѓу двете држави, како да се случило тектонско поместување на ставовите.

Во петочното издание на главното гласило на Комунистичката партија, „Народен дневник“, беше објавен напис со наслов: „Кибернетската безбедност да постане нова светла страна на кинеско-американската соработка“. Во написот се цитира директорот на Државната Информативна агенција кој опишува како Пекинг и Вашингтон се надополнуваат во Интернет просторот, додавајќи дека двете држави добиваат со подобрените односи.

XS
SM
MD
LG