Линкови за пристапност

Наумоф: Има добри показатели дека се движиме на добар пат


Наумоф: Има добри показатели дека се движиме на добар пат
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:03 0:00

Наумоф: Има добри показатели дека се движиме на добар пат

Вашингтон Нетворк Груп неделава организираше тркалезна маса со фокус на американско-македонските бизнис врски. Меѓу поканетите беше и Министерот Џери Наумоф, задолжен за привлекување странски инвестиции во македонската влада, со кого разговаравме пред неговото излагање на собирот.

Глас на Aмерика: Господине Наумоф, ќе говорите за американско-македонски економски односи. Каква е вашата оценка за економската соработка меѓу двете земји, и каде гледате можности?

Џери Наумоф: Мислам дека односите се одлични. Имаме над 200 американски компании кои работат во Македонија, и разговараме со многу други кои се заинтересирани за соработка. Неодамна, „Лирикс Корпорејшн“, една од најголемите компании во САД најави голема инвестиција во економската зона во Тетово.

Глас на Aмерика: Кои сектори во Македонија се атрактивни за странските компании?

Џери Наумоф: Мислам дека има два основни сектори. Првиот сектор и она што веќе се случува извесно време е производството за извоз. Особено, производство на авто делови, бидејќи имаме големо искуство во таа област. Ние сме една од ретките земји која има трговски суфицит со Германија, пред се поради компаниите како „Џонсон Контролс“ и други, кои произведуваат различни делови и компоненти за германските производители на автомобили и ги извезуваат во Германија. Ова е одлична можност за производителите поради тоа што се ослободени од данок во економските зони.

Друг сектор кој навистина почнува да се развива, и за кој ќе слушаме се повеќе во иднина може да биде нудењето на секаков тип на професионални услуги, како БПЛ, и т.н. кол-центри. Но исто така и во информатичката технологија, инженеринг, архитектонски дизајн...

Ирската софтверска компанија „Баракуда“ ќе вработи 100 млади луѓе, за истражување и развој. Тие ја избрааа Македонија, наспроти конкуренцијата од други земји, како Израел на пример. Мислам дека тоа се должи на образованата младина што ја имаме, нивните компјутерски и јазични вештини. Ова ќе биде еден од секторите кои ќе се развива во земјата и ќе биде привлечен за американските компании.

Глас на Aмерика: Што им нуди Македонија на странските компании? Каде ја гледате компаративната предност на државата?

Џери Наумоф: Мислам дека предноста е што имаме едни од најниските трошоци на водење бизнис во Европа. Најниски даноци во Европа, непобедливи стимулативни пакети за вистинските инвестиции. Имаме уставна заштита за странските инвеститори, така што тие знаат дека нивните инвестиции се безбедни. Мислам дека аспект што е многу важен, и што тие треба да ја знаат кога ќе дојдат во Македонија, е нашата стабилна макроекономска политика, која го прави нашиот долг еден од најниските во Европа. Исто така, имаме најниската инфлација во Европа во последниве 13 години. Сето тоа резултираше со висок економски раст. Еден од највисоките економски растежи во цела Европа. Неодамна ММФ рече дека Македонија ќе создаде барем триесет илјади нови работни места во текот на следните две години. Сето тоа се добри показатели дека се движиме по вистинскиот пат.

Глас на Aмерика: Во претходниот период , нивото на директни странски инвестиции флуктуираше значително. Какво е вашата мислење за тоа?

Џери Наумоф: Мислам дека тоа се должи на различни светски настани врз кои немаме контрола, како што беше рецесијата во Европа и во САД. Така може да се има одлична инвестициона година, а можеби следната година може да се намалат. Мора да се трага по нови компании. Тоа е цикличен процес, но мислам дека ќе видиме раст на странските инвестиции.

Глас на Aмерика: Вие доаѓате од дијаспората. Како ја гледате улогата на дијаспората?

Џери Наумоф: Јас доаѓам од Колумбус, Охајо и од прва рака знам дека улогата на дијаспората е важна. Но (за да биде ефикасна) и дијаспората треба да види дека долгорочно, владата е стабилна, и дека инвестиционата поолитика се движи по прав пат. Пред да станам министер, бев член на Одборот на Македонија 2025. Членовите на бордот и заедницата се активни во потрагата по потенцијални инвеститори. Важно е тоа да продолжи.

XS
SM
MD
LG