Лидерите на Унијата се собраа во Брисел за да разговараат за следните чекори.
Планот преку квоти е дизајниран да го намали притисокот врз источните членките на Унијата, кои сега го чувствуваат најголемиот товар од бранот на мигранти, најмногу од Сирија и Авганистан.
Поради противењето од Унгарија, Словачка, Чешка, и Романија , договорот беше изгласан со мнозинство, а не едногласно.
На дневен ред на денешниот состанок е и расправа за зајакнување надворешните граници на ЕУ и помош на земјите кои не се членки на Унијата, какоТурција , кои исто така се под притисок од мигрантите.