Линкови за пристапност

Обама домаќин на Папата Францис


Првиот ден од историската посетата, Францис го мина на средба со Обама, во обраќање пред американските бискупи и канонинизирање на шпански мисионер од 18-от век кој го проширил гласот за католичката црква на територија каде што сега е Калифорнија.

Двајцата подоцна ќе имаат еден-на-еден во Овалната канцеларија. Претставници од администрацијата велат дека Обама и папата нема да разговараат за политички прашања, туку за заедничките вредности што двајцата ги споделуваат.

Како дополнение на борбата за социјална и економска еднаквост, претседателот и папата најдоа заедничка основа и во борбата против климатските промени, пред климатската конференција во Париз во декември, организирана од ОН.

XS
SM
MD
LG