Гувернерот на Висконсин Скот Вокер ја прекина својата кампања за претседателска номинација од редовите на Републиканската партија. Аналитичарите и познавачите на ситуацијата чекорот на Вокер го поврзуваат со недостаток на финансиски средства, со оглед на фактот што патуваше низ Ајова и други клучни сојузни држави барајќи поддршка од потенцијалните републикански гласачи.
Вокер соопшти дека станал разочаран од републиканската трка и дека целокупната кампања, како што кажа, преминала во „лични напади“.