Линкови за пристапност

Продолжува бранот бегалците кон Западна Европа


Акцијата уследи откако курдските борци нападнаа воен конвој во близина на турската граница меѓу Ирак и Иран.

Турски борбени авиони одговорија со серија воздушни напади врз курдските милитанти, откако курдските борци нападнаа воен конвој во близина на турската граница меѓу Ирак и Иран.

Турската армија соопшти дека бомбардерите нападнале 13 цели на забранетата Работничка партија на Курдистан.

Во експлозии на патни бомби во неделата загинале непотврден број турски војници, а биле оштетени и две оклопни возила.

Работничка партија на Курдистан пак соопшти дека милитантите убиле 15 војници.

По нападот премиерот Ахмед Давутоглу ја прекина посетата на градот Конја и се упати кон Анкара на итен состанок со неговиот кабинет за национална безбедност.

Работничка партија на Курдистан се бори со Турција од 1984-та, а во конфликтот загинаа 40.000 лица. Турција, САД и ЕУ овие милитанти ги сметаат за терористичка група.

XS
SM
MD
LG