Линкови за пристапност

Осомничениот убиец на тв-екипата се самоубил


Вестер Фланиган самиот е застрелал откако бил конфронтиран од полицијата во близина на Вашингтон

Заврши потрагата по вооруженото лице барано заради фатално застрелување на двајца американски новинари во сојузната држава Вирџинија.

Наводниот стрелец, поранешен вработен во телевизиската станица каде работеле убиените маж и жена, самиот се застрелал кога бил конфронтиран од полицијата на автопат надвор од Вашингтон, велат властите. Нападот на телевизиската екипа се случи во близина на Роанок, во југозападна Вирџинија.

Полицијата кажа дека осомничениот Вестер Фланиган умрел од раната што сам си ја задал со огнено оружје.

Напаѓачот отворил оган на новинарката Алисон Паркер, 24-годишна, и камерманот Адам Вард, 27-годишен, додека интервјуирале локална бизнис-лидерка во трговски центар во Смит Маунтин Лејк, близу Роанок, на околу 375 километри од Вашингтон. Сите тројца, Паркер, Вард и Фланиган – работеле заедно во тв-станицата WDBJ.

Фланиган бил исто така познат како Брајс Вилијамс. Два извори на социјалните медиуми ги поврзаа имињата.

Интервјуираната Вики Гарднер била повредена во инцидентот, но преживеала.

Нападот се случил околу 6:45 претпладне, по локално време, и екипата имала јавување во живо во тоа време.

XS
SM
MD
LG