Линкови за пристапност

Во Куба кренато американското знаме


Во Хавана церемонијално е кренато знамето на САД како потврда на нововоспоставените дипломатски односи меѓу двете држави.

Американскиот државен секретар Џон Кери е во Хавана, каде претседава на церемонија на кревање на знамето на САД во американската амбасада, повторно отворена во потег на потврдување на поблиските односи на двете држави по прекин од 54-годишен прекин.

Зборувајќи на церемонијата Кери кажа „ова е пригода за паметење, ден кога се туркаат настрана старите бариери и се истражуваат нови можности“.

Забележувајќи дека тој е првиот државен секретар на САД во Куба од 1945, Кери кажа дека „се чувствува како дома во нашата амбасада овде во Куба“. Тој кажа дека церемонијата од петокот е резултат на „храбра“ одлука донесена минатата година од претседателот Барак Обама и кубанскиот претседател Раул Кастро за обновување на дипломатските односи прекинати во екот на Студената војна.

XS
SM
MD
LG