Линкови за пристапност

САД изразија загриженост за насилството во Украина


Американскиот државен секретар зборувал со рускиот министер за надворешни работи.

Американскиот државен секретар Џон Кери изрази „силна загриженост“ на својот руски колега во врска со „наглиот растеж“ на сепаратистички напади во источна Украина.

Висок претставник на Стејт департментот во четврток им кажа на новинарите во Вашингтон дека во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, Кери поттикнал на „моментален прекин на огнот“ постигнат меѓу украинската влада и сепаратистите поддржани од Русија во Минск, Белорусија, порано годинава.

Повеќе од 6.500 лица биле убиени во источна Украина од почетокот на борбите во април 2014, и имало нагло зголемување на насилството последниве денови. Двете страни редовно меѓусебно се обвинуваат за непочитување на договорот за примирје.

XS
SM
MD
LG