Ново истражување на јавно мислење индицира дека само еден на тројца Американци го одобрува постапувањето на претседателот Барак Обама во врска со меѓународниот договор за органичување на иранската нуклеарна програма.
Истражувањето на Галуп дошло до исти наоѓања како друго истражување, на Универзитетот Квинипек, што неодамна покажа дека Американците се против договорот со Иран, со маргина два спрема еден.
Американскиот Конгрес сега е на летен распуст, но планира гласање следниот месец за тоа дали да го одобри или да го отфрли договорот што ќе го спречи Иран да изгради нуклеарно оружје во замена за симнување на санкциите што ја забавуваат економијата на Техеран.