Линкови за пристапност

САД испитуваат дали ИД користела хемиско оружје


Информацијата од германското министерство за одбрана вели дека околу 60 курдски борци имаат повреди конзистентни со изложеност на боен отров.

САД велат дека испитуваат дали милитантите на Исламската држава употребиле хемиско оружје за време на напад порано неделава врз курдски борци во Ирак, како што известуваат германски официјални лица.

Германското Министерство за одбрана, кое ги обучува Курдите, кажа дека околу 60 борци на пашмерга претрпиле повреди конзистентни со изложеност на хемиско оружје за време на битка во средата со групата Исламска држава.

Портпарол на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Алистер Баски, во четвртокот кажа дека Вашингтон бара повеќе информации за нападот. „Продолжуваме да ги земаме овие и сите други наводи за користење на хемиско оружје многу сериозно“, кажа тој.

Американската амбасадорка на ОН Саманта Пауер рече дека САД ги испитуваат наводите.

Други американски претставници отидоа понатаму, велејќи дека е веројатно исламистичките екстремисти да ги извеле нападите.

Вашингтон „има кредибилна информација“ дека агенсот употребен во наводниот напад бил боен отров, што милитантите најверојатно го набавиле во Сирија, според неименуван висок американски претставник цитиран во весникот Вол Стрит Џурнал.

XS
SM
MD
LG